СТАНДАРД life
Храна

РЕЦЕПТ: Алмондини – колачиња кои имаат незаборавен вкус!

Алмондините се колачиња кои имаат незаборавен вкус и се многу декоративни.

Може да се најдат на вашата прослава на чинија со други мали колачи.

Состојки:

* 200 гр. млеко во прав
* 80 – 100 гр. шеќер во прав
* 100 гр. мелен бисквит
* 120 мл. вода
* 150 гр. бело чоколадо
* 50 гр. листови од бадем

Подготовка:

Измешајте ги млекото во прав, шеќерот во прав и бисквитите и потоа додадете вода. Добро измешајте за смесата да стане еднолична.

Оставете да отстои околу 10 минути.

Потоа со малку навлажнети дланки формирајте топчиња и ставете ги на чинија обложена со проѕирна фолија или хартија за печење. Ставете ги во фрижидер околу 10 минути.

Во меѓувреме, стопете го белото чоколадо на тивок оган. Покријте ги топчињата со бело чоколадо и наредете ги на проѕирна фолија (подоцна ќе ви биде полесно да ги олупите). Оставете ги да отстојат минута-две, па посипете ги со листови бадем.

Кога чоколадото ќе се стврдне, ставете ги топчињата на ладно место (може и во фрижидер) и така чувајте ги до сервирање.

На здравје!

Поврзани вести

Што има повеќе кофеин – шолја кафе или чај?

Radmila Tasevska

Салата со паста, туна и пченка

Radmila Tasevska

Салата со мисирка и јаворов сируп

Urednik