СТАНДАРД life
Храна

Леб од тиква без глутен: Вкусен и нискокалоричен

Лебот од тиква, наместо пченично или други видови брашно што содржи глутен, содржи кокосово и бадемово брашно.

Вкусот е фантастичен, а лесно се подготвува.

Препорачуваме на сите да го пробаат овој леб, не само на луѓето со целијачна болест.

Како да подготвите пире од тиква?

Измијте ја и пресечете ја тиквата на половина. Извадете ги семките и печете ја на 180 степени додека не омекне. Потоа изгмечете ја со вилушка. Она што не го користите за правење леб, можете да го додадете во супа или чорба.

И можете сами да направите микс за зачини за пита од тиква. Измешајте 3 лажици мелен цејлонски цимет, 2 лажички мелен ѓумбир, една и пол лажичка мелено морско оревче, 1 лажичка мелено каранфилче, 1 лажичка пиперка и малку мелен црн пипер.

Состојки за леб од тиква без глутен:

* 1 шолја бадемово брашно
* ¼ шолја кокосово брашно
* ½ лажичка морска сол
* ½ лажичка сода бикарбона
* 1 лажичка цејлонски цимет
* ½ лажичка „pumpkin pie“ зачин
* ¾ чаша пире од тиква
* ¼ чаша јаворов сируп или мед
* ¼ чаша стопено кокосово масло
* 3-4 јајца

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени.

Измешајте ги сите суви состојки. Во друг сад истурете го пирето од тиква, јајцата, кокосовото масло и јаворов сируп или мед. Мешајте додека не се соединат состојките.

Соединете ги двете смеси и матете со блендер додека не се добие хомогена смеса.

Истурете ја смесата во правоаголна тава за леб обложена со хартија за печење.

Печете околу 60 минути (проверете на 50 минути, бидејќи некои рерни варираат во температурата). Извадете го лебот од калапот и оставете го целосно да се излади.

На здравје!

Рецепт леб што треба да го јадат жените во педесеттите години

Поврзани вести

Печено пилешко на селски начин

Radmila Tasevska

Идеја за посен оброк: Полнети печурки со растителен кашкавал и сардини

Urednik

Мек и неодолив колач со лимон

Radmila Tasevska