Доколку сте љубители на праз, ви предлагаме да го пробате совршеното јадење за овие студени денови – киш од праз.
Вкусно јадење кое брзо ве заситува и не е скапо.
Состојки:
* 3 големи прачки праз, само белиот и светлозелениот дел
* 2 лажици масло
* 1 чешне лук
* 2 жолчки
* 1 цело јајце
* 1 пакување лиснато тесто
* ¾ чаша млеко
* 100 гр рендано полномасно сирење
* сол и бибер по вкус
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Со сукало развлечете го лиснатото тесто до дебелина од 4 мм. Ставете го во огноотпорен сад или тавче намачкан со путер и избоцкајте го со вилушка. Тестото треба да ги покрие и страните.
Празот убаво измијте го и исцедете го, па исечете го на прстени.
Загрејте го маслото на средна температура и додадете го празот и малку сол. Пржете додека не омекне, повремено мешајќи.
Додадете ситно сечкан лук и пржете половина минута. Извадете од шпоретот.
Во средна чинија изматете ги жолчката и јајцето. Лиснатото тесто лесно премачкајте го со изматените јајца. Ставете во загреана рерна 10 минути, а потоа извадете ја.
Додадете сол (околу ½ лажичка), бибер и млеко во јајцата и изматете.
Над лиснатото тесто премачкајте го празот во рамномерен слој. Посипете сирење одозгора во рамномерен слој.
Прелијте ги со изматените јајца и млекото.
Ставете во рерна и печете 30 минути или додека не порумени. Оставете да се излади петнаесетина минути пред послужување.
На здравје!