СТАНДАРД life
Храна

Рецепт на денот: Посна руска салата

Посна верзија на омилената салата.

Состојки:

– 2 моркови (200 g)

– 2 компири (250 g)

– 1/2 чаша грашок

– 1 шолја сечкани кисели краставички

Состојки за мајонез:

– 150 гр варен наут

– 120 мл течност во која се вари наутот

– 50 мл масло

– 1/2 лажичка сол

– 1/2 лажичка сенф

– 1 лажица сок од лимон или оцет

– бибер и сол по вкус

Подготовка на посен мајонез:

За да подготвите мајонез, потребен ви е миксер.

Наутот ставете го во потесен, подлабок сад (може да користите и тегла), измиксирајте го што подолго.

Додадете ги зачините и постепено додајте го маслото и течноста во која се вареше наутот, постојано мешајте.

Посниот мајонез е подготвен.

Подготовка на руска салата:

Посна руска салата се подготвува на ист начин како и мрсната.

Зеленчукот згответе го на вообичаен начин, кога ќе се излади исечкајте го (морковите и компирите).

Количините на зеленчук се приближни, можете да ги зголемите или намалите, во зависност од тоа каква посна руска салата сакате – посочна или „сушачка“.

Една шолја сечкани краставици е околу 5-6 краставици.

Измешајте зеленчук и посен мајонез, мајонез од наут.

Зачинете по вкус, додадете сол и бибер. По вкус, можете да додадете некој друг зеленчук и зачини.

Со оглед на тоа дека соодносот на сиров и сварен наут е отприлика 1:2,5, (од 100 гр сиров наут ќе добиете околу 250 гр варен наут), кога ќе го сварите згответе повеќе (за да не готвите само 100 g).

Од останатиот наут, на пример, можете да направите хумус.

Наздравје!

 

 

 

Поврзани вести

Рецепт на денот: Посна штрудла со ореви

Radmila Tasevska

Печено пилешко на селски начин

Radmila Tasevska

Хит коктел ова лето е Malibu Barbie Pink: Изгледа прекрасно, а има уште поубав вкус

Urednik