СТАНДАРД life
Храна

Салата со паста, туна и пченка

Потребни производи:

400 г паста

1 пакување мајонез

7-8 кисели краставички

3-4 конзервирана туна во сопствен сос

1 мала конзерва пченка

1 глава црвен кромид

сол, црн пипер

сок од лимон

1 лута пиперка

Подготовка:

Сварете ја пастата според инструкциите на пакувањето. Откако ќе се свари, треба да ја исцедите и нежно да ја исплакнете со млака вода. Измешајте со туната.

Кон смесата додадете исечени краставички, кромид, пченка, лута пиперка и мајонез. Зачинете со сол, црн пипер и сок од лимон.

Поврзани вести

Напитокот од чоколаден намаз, рум и цимет ќе ги стопли душата и телото

Urednik

Посна фритата: Лесен оброк полн со витамини

Urednik

Рецепт за домашен колач од корнфлекс со чоколадо

Urednik