СТАНДАРД life
Хороскоп

Со нив не е лесно: Кои хороскопски знаци се најлошите колеги на работа

Секое работно место има свој динамичен микрокосмос, каде различни личности повеќе или помалку успешно соработуваат. Сепак, според ѕвездите, постојат некои хороскопски знаци кои секој работен ден можат да го претворат во вистински кошмар.

Еве кои се знаците и зошто колегите навистина не уживаат во нивното друштво:

Овен

Овните се познати по својата енергија и иницијатива, но кога станува збор за тимска работа, тие можат да бидат вистински огномет! Тие сакаат да се завршат работите вчера, а нивната нетрпеливост и желба за брзи резултати може да создадат тензија во тимот. Овните се како оние колеги кои праќаат мејл и очекуваат одговор уште пред да го прочитате.

Близнаци

Ах, Близнаци. Тие се социјалните пеперутки во канцеларијата, но нивната тенденција да озборуваат и да шират полуинформации може да создаде хаос. Тие дефинитивно се кралеви на озборувањата и интригите, а секако тоа може да создаде конфузија во работната средина.

Скорпија

Скорпијата во канцеларија може да биде вистинска енигма. Тие се интензивни и често се занимаваат со детални анализи, што може да биде исклучително корисно. Сепак, нивната тенденција да ги држат сите карти блиску до себе и да не споделуваат информации може да создаде атмосфера на недоверба. Понекогаш тоа може да биде како да работите со таен агент – никогаш не знаете што навистина размислува или планира една Скорпија.

Поврзани вести

Најголемите манипулатори во хороскопот! Ќе ве убедат да им верувате на нив, а не на вашите очи!

Urednik

Овие хороскопски знаци ќе се чувствуваат како сè да им оди од рака овој месец

Radmila Tasevska

Во овие хороскопски знаци се родени најпопустливите родители

Urednik