СТАНДАРД life
Храна

Посна паштета од ослич и сардина

Кога се пости, нема побрза и поздрава вечера од посна паштета од риба.

Ви пренесуваме рецепт за вкусна паштета од ослиќ и риба од сардина

Состојки:

* 1/2 кг филети ослич
* 1 пакување сардини
* 1 праз
* 2 главици кромид
* 2 чешниња лук
* лажица сенф
* оцет
* лимон
* свеж магдонос
* 1 лажица маслиново масло
* бибер, сол
* зеленчук по вкус

Подготовка:

Излупете ги филетите од ослич (по потреба исчистете ги) и кромидот.

Сардината исцедете ја и исчистете ја.

Во блендер испасирајте го сварениот ослиќ, сардината, кромидот и лукот и празот додека не се добие компактна маса.

Додадете зачини, една лажица сенф и една лажица маслиново масло.

Соединете, па пробајте и одредете ја количината на оцет што треба да се додаде по вкус.

На крајот додадете сечкан свеж магдонос или копар.

На здравје!

Поврзани вести

Мимоза салата за посен оброк

Urednik

Направете вкусни палачинки за доручек

Radmila Tasevska

Рецепт за пикник-пита: Комбинација од шунка и зеленчук за одличен додаток на оброците

Urednik