Ова е рецептот за капри торта, уживање кое ќе ги задоволи и членовите на семејството и гостите:
Состојки:
За кората:
– 10 белки
– 2 лажици оцет
– 20 лажици шеќер
За филот со овошје:
– 500 гр јагоди
– 400 мл млеко
– Три пудинзи од ванила
– 20 лажици шеќер
За жолтиот фил:
– 10 жолчки
– 10 лажици шеќер
– 250 гр маргарин
– 150 гр чоколадо
– 5 лажици брашно
– ½ литар млеко
Подготовка:
Најпрво се матат белките, па постепено се додаваат (со постојано мешање) 20 лажици шеќер.
Кога ќе се соединат сите состојки, додадете две лажици оцет, па истурете сè во една тава и оставете да се исуши. На плехот можете претходно да ставите алуминиумска фолија.
Додека кората се суши, почнете да го правите жолтиот фил така што ќе ги измешате сите потребни состојки – прво жолчките и шеќерот, па додадете го брашното, па млекото.
Кога се ќе се соедини се става на пареа да се свари, а кога ќе се свари се остава филот да се излади, па се додава маргаринот.
За да го направите овошниот фил, прво сварете 300 мл вода со шеќер. Кога ќе почне да врие и ќе се раствори шеќерот, додадете ги јагодите и варете околу 15 минути.
Во друго тавче ставете го пудингот и измешајте го со 100мл вода, па додадете го во тавата во која се сварило овошјето и продолжете се да готвите како да правите класичен пудинг. На крај оставете го филот да се излади.
Растопете 150 гр чоколадо и оставете да се стегне.
На кората наредете го прво жолтиот фил, па овошниот фил, а врз овошниот фил прелијте го со растопената чоколада. На крајот од се е шлаг и декорација по ваша желба.
Тортата ставете ја во фрижидер уште малку да се стегне и можете да ја послужите.
На здравје!
🎥Кошници од бисквити полнети со фил од ванила и сезонско овошје