Како што дознава Дејли Мејл, поп-ѕвездата повеќе не е во врска и се вратила во апликацијата за запознавање со познати личности за да најде нов партнер.
„Сем и Кристијан решија да ја прекинат врската пред Божиќ. Тие сè уште се пријатели и ќе продолжат да се поддржуваат еден со друг во нивните кариери, но засега се разделија. Сем повторно се пријави на апликација за запознавање и веќе се дружи со нови луѓе … Нова година и нов почеток за нив“, изјавил извор за британските медиуми.
Сем и Кристијан последен пат заедно беа фотографирани на 14 декември на забава во Њујорк. Пејачот првпат беше поврзан со модниот дизајнер Кристијан, кој е четири години помлад од него, во јануари 2023 година и оттогаш се забележани заедно во Лондон, Њујорк и Париз.
Тоа беше неговата прва јавна врска по раскинувањето со актерот Брендон Флин од 13 причини зашто и јавно излезе како небинарен во 2019 година.