СТАНДАРД life
Шоубиз

📽 Скандалозно обраќање на актерот на доделувањето на Златните глобуси: „Ду*ај го“

Киран Калкин синоќа го освои својот прв Златен глобус за настапот во Наследници.

Во оваа прилика, Киран одржа интересен говор во кој се обрати пред својот колега Педро Паскал.

„Ду*ај го, Педро! Извини! Мој е“, се пошегувал тој, а камерите потоа му се свртеле на Паскал, кој се правел дека плаче поради неговите зборови.

Откако му се заблагодари на целиот тим, на Киран му беше кажано да го заврши својот говор, па тој заврши со заблагодарување на „прекрасните жени“ во неговиот живот, на менаџерот, неговата мајка и неговата сопруга Џез.

Инаку, Киран пред дваесет години беше номиниран за Златен глобус за улогата во филмот Igby Goes Down, но тогаш не го освои.

Поврзани вести

Бритни Спирс за прв пат во јавноста по објавувањето на нејзините мемоари: Беше во друштво со маж, а еве кој е (ФОТО)

Radmila Tasevska

Само четири мажи двапати ја освоија титулата за најзгоден маж на светот

Radmila Tasevska

Лудилото на Тејлор Свифт не престанува, концертниот филм за турнејата што се уште трае ги скрши кино благајните ширум светот и ги разнесе Барби и Опенхајмер

Radmila Tasevska