СТАНДАРД life
Шоубиз

Обвинението за сексуален напад против Жерар Депардје застаре

Обвинителството во Париз го отфрли обвинението за сексуален напад против актерот Жерар Депардје, кое актерката Елена Дара го поднесе во септември минатата година, а наводно се случило во 2007 година, поради застареност.

„Ми требаше една година да поминам од сведочење до тужба. Да поминеш низ вратата на полициската станица, да му кажеш на полицаецот дека ти се допрени интимните делови од телото, не е лесно, потребно е време да размислиш“, рече таа, пренесе „Фигаро“.

Депардје претходно беше обвинет за сексуален напад од актерката Шаро Арнол, за два напади кои наводно се случиле во домот на актерот во Париз на крајот на август 2018 година.

Поврзани вести

На уште една холивудска врска и доаѓа крајот

Urednik

📽 Џулија Робертс откри која улога и била најлоша: „Ми се гадеше од костимите“

Radmila Tasevska

Ози и Шерон Озборн се дотераа како Канје Вест и Бјанка Ценсори (ФОТО)

Radmila Tasevska