СТАНДАРД life
Шоубиз

Ејми Шумер откри дека има Кушингов синдром

На актерката и комичарка Ејми Шумер ѝ е дијагностициран Кушингов синдром, ретка болест предизвикана од долготрајните ефекти на покаченото ниво на хормонот кортизол, често придружено со дијабетес, хипертензија и остеопороза.

Кушингов синдром може значително да го наруши квалитетот на животот на пациентот, што е токму она што се случува и со Ејми. Имено, на почетокот на овој месец таа гостуваше во шоуто на Џими Фалон, по што многумина на социјалните мрежи коментираа дека нејзиниот изглед се променил и дека изгледа многу подуено.

Ејми одговори велејќи дека моментално се случуваат некои „медицински и хормонални работи“ во нејзиниот свет, но додаде дека е добро. Потоа, актерката ја откри својата дијагноза во билтенот „Њус нат нојс“ на Џесика Јелин.

Во отворениот разговор, Ејми вели дека се чувствува „преродено“ откако ја добила дијагнозата, по неизвесна серија тестови за да се утврди што ѝ се случува.

„Да откријам дека имам таков вид на Кушинг што ќе се реши сам по себе и дека сум здрава … Тоа беше најголемата вест што може да се замисли. Беа луди неколку недели за мене и моето семејство“, изјавила актерката.

Таа додаде дека се чувствува мотивирана да ја открие дијагнозата во јавноста со цел да се заложи за здравјето на жените.

„Критиката на нашите тела кои постојано се менуваат е нешто со кое се занимавам долго време и сум сведок на тоа. Многу сакам жените да се сакаат себеси и да бидат немилосрдни кога се борат за сопственото здравје во систем кој обично не им верува“, заклучила Ејми.

Поврзани вести

Почина кантри пејачот Тоби Кит

Radmila Tasevska

Светки, тантела и суптилно деколте: Амал Клуни го освои Њујорк со гламурозен стајлинг (ФОТО)

Radmila Tasevska

Романтичен гест на Џенифер Лопез: Првата годишнина од бракот ја одбележа на посебен начин

Urednik