19.8 C
Скопје
16 септември, 2024
СТАНДАРД life
МК Сцена

„Бизнисот на задоволството“ патува за Уругвај

Политичкиот трилер на Гоце Цветановски влезе во официјалната селекција на 17-тото издание на фестивалот Сине дел Мар во Пунта дел Есте, Уругвај. Филмот ќе биде прикажан пред уругвајската публика во ударен термин, в петок 12 јули во 20 часот.

После Аргентина, Панама, Перу, Венецуела  и Боливија, ова е шеста номинација на Бизнисот на задоволството во Латинска Америка. Инаку филмот се закити со награди за најдобар филм во Панама и Перу.

Бизнисот на задоволството ја обработува темата на трговија со жени, и есенва се очекува да биде прикажан во македонските кина. Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а финансиран е од Агенцијата за филм.

Поврзани вести

Елена Ристеска со емотивна порака и го честиташе роденденот на својата внука

Radmila Tasevska

Сопругот на Антониа Гиговска го истетовира името на синот

Radmila Tasevska

Одлични критики и стоечки овации за „Домаќинство за почетници“ во Венеција

Urednik