СТАНДАРД life
МК Сцена

Интервју со др.Пеев: Жените повеќе се заинтересирани за естетска хирургија, но се повеќе мажи доаѓаат за разубавување

Жените имаат поголем интерес за естетската хирургија во однос на мажите, но вкупниот интерес значително расте од година во година. Радува фактот дека и се повеќе мажи доаѓаат за разубавување од наједноставните процедури до покомплексни операции. Мажите најчесто корегираат нос, гради (гинекомастија) или вишок на масни наслаги со липосукција, вели Научниот соработник спец. Др. Игор Пеев, пластичен хирург при ЈЗУ Унив. Клиника за Пластична и реконструктивна хирургија при Медицинскиот Факултет во Скопје во интервју за „Стандард лајф“.

Според него, годининте не се пресудни во естетската хиругија.

– Една од најчестите естетски операции, кои рутински ги извршуваме, се клемпавите уши, и тоа кај деца во рана школска возраст со согласност од родител. Со тоа помагаме во решавање на некои детски комплекси и спречување на евентуално повлекување во себе на детето во понатамошниот развој. Исто така, годините не се контраиндикација за операција. Се почесто има повозрасни пациенти кои бараат како на пример затегнување на лице или други лифтинг процедури, истакна др.Пеев.

Најчестите операции, вели, се разликуваат помеѓу возрастите.

– Кај помладите пациенти најчесто се бара операција на нос (ринопластика), корекција на градите (зголемување, намалување), липосукции или обликување на телото со липоскулптура. Повозрасните најчесто бараат лифтинг процедури: затегнување на стомак (кој е растегнат после бременостите кај жените), подигнување на гради, затегање на очни капаци, лице или врат и сл., изјави пластичниот хирург.

Во кој хируршки зафат има најголеми ризици и кои се тие?

-Секој хируршки зафат има одреден ризик од било каква компликација, почнувајќи од ризик на инфекција, крварење или неочекуван тек на заздравувањето и сите тие ризици се прифатливо ниски (помалку од 1%) . Доколку ризиците се преголеми и не соодветствуваат со очекуваниот резултат односно доколку „cost-benefit“ соодносот не е рационален, таков тип на операции не би се правеле. Сепак, кај естетската хирургија и медицина воопшто, постои и еден специфичен ризик, а тоа е ризикот од незадоволителен резултат односно изглед од страна на пациентот. Затоа, предоперативно, многу е битно да се направи компромис помеѓу желбите на пациентот и реалните можности, нешто што се прави со консултации пред било каква естетска операција. Крајна цел на нашата работа треба да биде подобрен изглед на лицето или телото и секако, задоволен пациент.

Колку се важни годините за естетската хирургија?

-Годининте не се пресудни во естетската хиругија. Една од најчестите естетски операции, кои рутински ги извршуваме, се клемпавите уши, и тоа кај деца во рана школска возраст со согласност од родител. Со тоа помагаме во решавање на некои детски комплекси и спречување на евентуално повлекување во себе на детето во понатамошниот развој. Исто така, годините не се контраиндикација за операција. Се почесто има повозрасни пациенти кои бараат како на пример затегнување на лице или други лифтинг процедури. Или пример од скоро минато, кога госпоѓа направи замена на силиконски протези на гради, со цел да ги смени предходно ставените од пред 20 години. Секако дека повозрасните имаат и пропратни хронични болести, но со правилна евалуација од страна на анестзиологиот, како и соодветната оперативна техника, овие операции се без последици врз општото здравје на овие пациенти. Во секој случај, кон секој пациент се пристапува индивидуално и нема правило „еден број за сите“.

Дали поголем интерес за естетска хирургија има кај младите лица или кај повозрасните?

-Во секој возрасна категорија постои интерес за естетската хирургија, но најголемите пикови во однос на интересот ќе кажам дека се помеѓу младите од 20 до 30 тата година, период во кој младите сакаат да изгледаат колку што е можно поубаво заради иднината што им престои. Втор пик е во касните 40-ти или почетни 50 години, кога луѓето се веќе реализирани и остварени па им останува повеќе време да се себе подобруваат или пак прават радикални промени. И потоа во покасните години каде се бара „помладо стареење“.

Кој хируршки зафат е најбаран кај помладите, а кој кај повозрасните?

-Најчестите операции, исто така, се разликуваат помеѓу возрастите. Кај помладите пациенти најчесто се бара операција на нос (ринопластика), корекција на градите (зголемување, намалување), липосукции или обликување на телото со липоскулптура. Повозрасните најчесто бараат лифтинг процедури: затегнување на стомак (кој е растегнат после бременостите кај жените), подигнување на гради, затегање на очни капаци, лице или врат и сл. Кај сите возрасти исто така се популарни и неинвазивните инјекциони процедури како ботулинум токсин или филери, при што, кај младите пациетки е тоа најчесто воочливо и малку нападно (посебно со устите), додека повозрасните сакаат да е тоа подискретно.

По естетската хирургија, колкав е временскиот период на закрепнувањето?

-Временскиот период на закрепнување се разликува од операција до операција. На пример за операција на нос или лице, обично е потребно барем 10 дена да пациентот може понормално да функционира. За лицевите процедури потребна е социјална изолација од барем една недела, период кога имаме и отоци или модринки кои се видливи за околината. За други операции пак, како липосукциите, режимот за опоравување е поделикатен и потребни се носење на компресибни мидери или стегачи подолг период. Секако и овде, секој пациент е различен, па кај некои овој период е подолг, а кај некои пократок, но за сите е исто дека е потребна дисциплина и специјален хигиено-диететски режим во периодот на закрепнување.

На која возраст бил најмладиот пациент на кого сте му извршиле естетска корекција?

-Најмладите пациенти во нашата пракса се децата во предшколска возраст од 5 години, кога ги носат родителите во очи на запишување во прво одделение, да ги корегираат клемпавите уши. За среќа, поголемиот број од нив, сакаат да ги оперираат и самоволно.

Дали и мажите како жените имаат интереси за естетска хирургија и кои се тие?

-Очекувано е дека жените имаат поголем интерес за естетската хирургија во однос на мажите, но вкупниот интерес значително расте од година во година. Радува фактот дека и се повеќе мажи доаѓаат за разубавување од наједноставните процедури до покомплексни операции. Мажите најчесто корегираат нос, гради (гинекомастија) или вишок на масни наслаги со липосукција. Кај жените тоа е градна хиругија (зголемување, подигнување или намалување на гради), липосукции, затегнување на стомак, нозе, раце, а секако и лицевата хирургија како корекции на нос или пак лифтинт процедури на лице и врат.

Р.Т.

 

 

 

 

Поврзани вести

📽„Сите светла“ е најновиот музички проект на Лара Иванова во дует со Јосиф Ристовски

Radmila Tasevska

MIYATTA со нов сингл ,,Добра ноќ, Добар ден“ (ВИДЕО)

Radmila Tasevska

(ВИДЕО) Лила се „разигра“ на јахта во Дубаи, друштво и права Биг Мама

Urednik