14.8 C
Скопје
19 септември, 2024
СТАНДАРД life
МК Сцена

🎶Милко се враќа со новиот сингл „Тажен понеделник”

Скопското инди-рок трио Милко се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник” во издание на Шарла Рекордс. „Тажен понеделник” е снимена во студио Алшар, во период мај-јуни 2024 година.  Текстот и музиката се на Сашо Митревски, аранжманот е на Милко, продуцент е Ивица Јанкуловски. Покрај Сашо Митревски на гитара и вокал,  Филип Поповски свири бас гитара, Стефан Терпини – тапани и Владимир Бичковски – сајзери.

Синглот го носи скопскиот урбан звук, кој плови низ морето купишта немирни води и ги истражува сите премрежија и кризи, низ мирен, а динамичен, поетски и музички автентичен стил. Низ суптилна симболика го раскажува моментот што се растегнува од минатото до сегашноста.

Ова е нивни прв сингл по петгодишна пауза. Музиката на Милко е инспирирана од британската независна музичка сцена од 80тите и 90тите години на минатиот век, и се карактеризира со изразито елегантен звук и топли, ангажирани, радио пријателски песни.

Искуството е нивниот снажен адут и тоа може да се почувствува во секој отсвирен тон. Гитарата и гласот на фронтменот Сашо Митревски звучат позрело од кога било, темите се поблиски до реалниот живот, во една одмерена и емоционално суптилна рефлексија на светот и времето во кое живееме.

Милко е инди-рок трио од Скопје. Постојат од 2008 година и во истата формација
досега реализираа пет изданија, три албумски и две ЕР изданија.

„Тажен понеделник” може да се преслуша на линкот.

Поврзани вести

Две златни арени за „Домаќинство за почетници” на Горан Столевски

Urednik

Свечено отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“ со „Црнила ремикс“

Urednik

Влатко Стефановски и неговото трио одржаа спектакуларен концерт во Белград

Radmila Tasevska