СТАНДАРД life
МК Сцена

„Мала шега“ имаше светска премиера на престижен филмски фестивал во Данска

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, премиерно се прикажуваше на Меѓународниот филмски фестивал Оденсе (ОФФ Фестивал) заедно со 147 филмови од 39 различни земји. „Мала шега“ е во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар Филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар.

Кратките филмови кои се прикажуваат на ОФФ фестивалот се квалификуваат за Оскари и за Европските филмски награди (ЕФА) и БАФТА. Билетите за првата проекција на „Мала шега“ беа целосно распродадени, а фестивалот го посетија над 250 гости од целиот свет.

Приказната за тинејџерската љубов и стравот од иднината, која е инспирана од истоимениот расказ „Мала шега“ од Антон Павлович Чехов наиде на огромен интерес од публиката:

„Прекрасна адаптација на познатата приказна на Чехов, режисерот завршил маестрална работа“, „Филмот не трогна и ни го доближи начинот на кој функционира македонското општество, се чувствуваме како да сме таму“, беа дел од коментарите на публиката.

По проекцијата, во дискусијата со публиката се вклучи и Mакедонка која пред 20-тина години се преселила во Данска: „Филмот точно и реалистично го претстави она што се случува во Македонија, ми доаѓа да се расплачам бидејќи и јас го поминав истото. Посебно ми е драго што ваков филм доби прилика да се емитува во Данска.“

Режисерот Ситниковски вели дека најголемиот страв бил дали публиката од Данска ќе успее да се поврзе со приказната и да ја разбере:

„Трогнат сум дека публиката во Данска се соживеа со македонската приказна и предизвиците на главните ликови“, вели Ситниковски.

 

Поврзани вести

Коцевска, Travel инфлуенсер: Сум посетила над 30 земји, но најголем интерес и најмногу споделувања добиваат содржините од Македонија

Urednik

Премиерата на „Звуците на Новата година“ предизвика позитивни реакции кај децата и родителите

Urednik

На платото пред Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево во четврток ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески

Radmila Tasevska