СТАНДАРД life
МК Сцена

Елена Лука ја отвара третата сезона на Скопски моден фестивал

Со коктел забава и музичко-сценски спектакл на модната куќа ЕЛЕНА ЛУКА, како ексклузивен гостин за свеченото отварање, денес започнува третата сезона на Skopje Fashion Festival, настанот што од 28 до 30 септември ќе ја слави модата во метрополата, со ревиски претставувања на повеќе звучни дизајнерски имиња, атрактивен музички репертоар и многу изненадувања за бројните посетители.

На големата сцена премиерно ќе ја лансира деби колекцијата и новиот бренд СЕРБЕЗ,  креиран од тим кој инспириран од жените кои твореле и го менувале светот и сербезлукот на жената како слободно, силно и самостојно битие. Сербез е бренд каде едноставноста се среќава со смелоста. По подолга пауза, пред македонската јавност одново ќе се претстави и ИЛКА БРАДА од Косово, чии креации се карактеризираат со чисти линии, елегантни силуети и употреба на луксузни ткаенини и сложени украси. Колекциите ѝ се инспирирани од нејзината љубов кон природата, уметноста и нејзиното културно наследство.

Специјални музички гости на првата фестивалска вечер, која почнува од 19:00 часот во ноќниот клуб PURE се Андреј и Панчо, односно македонската група ДНК, a за добрата забава на посетителите ќе се погрижат и два диџеи: DJ Mario Trumpet, во паузите помеѓу ревиите, и DJ Ficho – веднаш по нивното завршување.

Поврзани вести

„Приказната за Силјан“ не влезе во најдобрите 15 документарни филмови за оскаровската трка

Urednik

Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева“

Urednik

Гала златна премиера за 30 години од „Пред дождот“

Urednik