СТАНДАРД life
Храна

Сочен колач од кајсии што се топи во уста

За да го подготвите овој едноставен и мек колач од кајсии, ви треба помалку од еден час, од кој поголемиот дел го поминувате во печење!

Сочните кајсии денес може да се најдат во секој супермаркет (и, секако, на пазар!), и речиси и да нема човек кој не ужива во нив.

По тој повод, денес споделуваме со вас одличен рецепт од веб-страницата Miss7 за сочен колач од кајсии за која, сигурни сме, ќе посакате уште едно парче!

Состојки:

* 500 г кајсии
* 180 г обично брашно
* 150 г шеќер
* 85 г путер
* 80 мл млеко
* 2 јајца
* 1 лажичка прашок за пециво
* 2 лажички сол
* 1 лимон

Подготовка:

Добро измијте ги кајсиите и исечете ги на парчиња или половинки и прелијте го сокот од половина лимон.

Поставете хартија за печење во плех и рамномерно распоредете ги парчињата кајсии врз него.

За подготовка на пандишпанот, прво изматете го путерот со шеќерот, додадете 2 јајца и продолжете со мешање, а на крај додадете го млекото.

Во посебен сад измешајте го брашното, прашокот за пециво, солта и ренданата кора од еден лимон.

Додадете ги сувите состојки во смесата од јајца и путер и сè добро измешајте.

Прелијте ја смесата за пандишпан врз кајсиите и печете околу 40 минути на 180 степени.

Кога тортата ќе биде готова, извадете ја од рерна и оставете ја малку да се олади.

Кога повеќе не е жешка, ставете чинија на калапот и свртете ја тортата врз неа. По желба посипете со шеќер во прав, послужете и уживајте!

На здравје!

Поврзани вести

Пудинг од морков: Деликатес од Јужна Азија со вкус на алва

Urednik

Рецепт за сендвич толку исполнет што ќе го замени ручекот

Urednik

Рецепт за пита со месо: Брза и лесна подготовка на вкусен појадок

Urednik