СТАНДАРД life
МК Сцена

🎥Филип се врати на сцената со нова песна и спот „Кино“

Македонскиот талентиран пејач Филип Ангов по кратката пауза се врати на сцената и на јавноста и ја претстави својата најнова песна „Кино” снимена во модерен ритам.

Домашната јавност, Филип го запозна преку неговите настапи во најголемите локали и ноќни клубови низ Македонија, но и преку неговото учество во популарно регионално шоу за модерна музика „Ај-Ди-Џеј шоу” .

Музиката, текстот, аранжманот, микс и мастерот на „Кино” се дело на Андрејник, додека екранизацијата ја направи Томислав Живковиќ.

– Инспирацијата за песната „КИНО” беше од оние ситуации кога љубовта станува игра, кога често има повеќе прашања отколку одговори. Се работи за релации полни со страст, инат и неизречени емоции, каде што вината често се бара на погрешно место, а лагата понекогаш се прифаќа полесно од вистината. Сакав да доловам чувство како од сцена во филм – интензивно, вистинито и со доза на тага, ама и со храброст. Музиката и текстот се создадени да звучат модерно, но и емотивно – за сите што барем еднаш се нашле во ваков филм. Кога го слушнав демото во студиото кај Андрејник, веднаш знаев дека е тоа. Песната ја снимивме за два дена. Спотот го режираше Томислав Живковиќ и го направи целото искуство незаборавно и ѝ даде на песната моќна слика што совршено ја доловува атмосферата, вели Филип.

Иако од мал пее, Филип Ангов во тинејџерските години се повлекол и вешто го криел својот талент. Во текот на пандемијата и деновите затворени во карантин започнува да пее во живо на социјалната мрежа Инстаграм и таму добива неочекувана огромна поддршка. Оваа поддршка резултира со силна мотивација повторно да се врати на сцената и тогаш заедно со својот другар, денес професор по пијано, да формира бенд и настапува ширум целата територија на Македонија.

Во наредниот период јавноста ќе види и слушне уште неколку нови проекти од овој млад и талентиран пејач, а до тогаш, слушнете ја „Кино”.

Поврзани вести

Интервју со Дума: Иако има тенденција да се прикаже дека жените се еднакво застапени, нема родов баланс во филмската индустрија

Urednik

„Ристо Шишков“ за Симонов за улогата на Павле во претставата „Лагата“

Urednik

Слаткар: „Сум пеел во дискотеката „Пулс“ 8 пати, со месеци не спиев по трагедијата“

Urednik