СТАНДАРД life
Шоубиз

📹Најексплицитниот настап на Џеј Ло во целата нејзина кариера? Симулираше секс со танчери, обожавателите беа згрозени

Пејачката Џенифер Лопез ја шокираше публиката со провокативен настап на Кук музичкиот фестивал во Тенерифе. Лопез се појави на сцената во саботата во смело трико со прорезови, кое ја истакнуваше нејзината бујна позадина.

Сепак, малкумина ја гледаа нејзината облека кога Џенифер почна да симулира секс пози со своите танчери. Во еден момент, Џеј Ло пееше на сите четири пред еден од танчерите, а потоа другиот ја крена на своето рамо.

Потоа Лопез го сврте нејзинотo меѓуножје кон неговото лице и тој ја фрли на подот.

Пејачката ја запрепасти публиката откако „јаваше“ еден од танчерите, додека ги ставаше рацете меѓу нозете на другите двајца танчери.

Видеото од настапот се прошири на социјалните мрежи, а Џенифер се најде на мета на негативни критики. „Ова е премногу“, „Одвратно“, „Непотребно и не е забавно“, беа само дел од коментарите.

Поврзани вести

Бела Хадид отворено за својата борба со болеста: „Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена“

Urednik

📸📽️Бардем на Еми наградите: „Нема да работам со оние што го оправдуваат геноцидот“

Urednik

📸 Џо Манганиело објави слика со својата нова девојка по разводот со Софија Вергара

Radmila Tasevska