СТАНДАРД life
Шоубиз

Ким Катрал откри зошто се врати во улогата на Саманта во And Just Like That…

На задоволство на многумина, актерката Ким Катрал (67) се врати во улогата на Саманта во втората сезона на серијата „And Just Like That…“. Иако се појави само кратко, за неа се зборува со денови.

Ким прво ја одби понудата на HBO, а најголемата причина беше нејзината врска со Сара Џесика Паркер. Кога заедно го снимале филмот „Sex and the City“, Ким поставила различни услови од оние на нејзините колешки, па уште тогаш се појавиле тензии меѓу нив. Оттогаш Ким и Сара не се во добри односи, но новата сезона на серијата не можеше да помине без пријателството на Кери и Саманта, ниту на неколку секунди.

Сега Ким откри зошто ја прифатила улогата во втората сезона и кој и бил најголем поддржувач. Станува збор за нејзината мајка, Гледис Шејн Бах, која ја охрабрила да се врати и да ги израдува нејзините милиони фанови.

– Мојот идол отсекогаш била мајка ми. За мене, жена во моите 60-ти, мислам дека најголемиот предизвик е да продолжам да бидам релевантна, да продолжам да работам, да имам што да кажам. Иако мајка ми никогаш не можеше да се поврзе со работа што ќе ја направи среќна, таа долго време беше депресивна и сама, никогаш не го загуби својот дух. Тоа е нешто што таа ми го пренесе. Благодарна сум и што ме научи да се залагам за себе и да не дозволувам другите да го контролираат мојот наратив. Тоа е многу важна лекција за младите жени – изјавила Ким.

Поврзани вести

Откако постави титаниумска протеза, Канје Вест ги загрижи обожавателите: „Што му е на усната?

Radmila Tasevska

Принцот Вилијам јавно се пошегува на сметка на својата ќелавост

Urednik

„Maestro“ веќе е кандидат за Оскар – доби седумминутни овации во Венеција

Urednik