СТАНДАРД life
Шоубиз

Вуди Ален: „Би сакал да снимам филм во Њујорк ако некој е доволно луд да ме финансира“

Режисерот Вуди Ален (87), кој беше протеран од американската филмска индустрија поради обвинувања за сексуална злоупотреба, на филмскиот фестивал во Венеција иронично вети дека повторно ќе снима во Њујорк доколку „некој е доволно луд“ да го финансира тоа.

– Кога бев млад, филмовите што најмногу нè импресионираа беа европските филмови – француски, италијански, шведски… Сите сакавме да правиме филмови како Европејците – рече Ален пред премиерата на филмот, прв на француски јазик, „Coup de Chance“.

Со овој филм, додаде 87-годишниот режисер, „се чувствува како вистински европски филмаџија“.

Мајсторот за хумор и социјална сатира, Вуди Ален повеќе не снима во САД бидејќи индустријата му го сврте грбот по обвинувањата за сексуална злоупотреба од страна на неговата поќерка Дилан Фароу.

Ален од самиот почеток ги отфрли овие обвинувања, беше покрената истрага која не ги докажа овие тврдења, но за некои тој остана симбол на сексуално насилство.

Тој го сними својот последен филм во својот сакан град во 2019 година, „Дождлив ден во Њујорк“, со младиот талент Тимоти Шаламет и Селена Гомез. Актерите беа мета на бурни критики поради соработката со него.

На прашањето дали повторно ќе снима во Њујорк, тој одговори:

– Имам добри идеи за Њујорк и ако некој/а излезе од сенка и каже во ред, ќе го финансираме вашиот филм и ќе се согласиме со сите мои барања – тие не можат да го читаат сценариото, не можат да знаат кој глуми и само ми даваат пари и си заминуваат. Ако некој е доволно луд да се согласи на тоа, тогаш ќе снимам филм во Њујорк – изјави Ален.

Комедијата снимена во Париз, „Coup de Chance“ потсетува на „Match Point“.

Станува збор за приказна за пар чија врска доаѓа во прашање по враќањето на поранешната школска другарка на сопругата.

Снимен е есента 2022 година, а во филмот глумат Нилс Шнајдер, Лу де Лаге, Валери Лемерсие и Мелвил Поупо.

Пристигнува во кината во Франција на 27 септември.

Поврзани вести

Снуп Дог тужи голем трговски синџир: „Намерно ги криеја моите житарки и тврдеа дека ги продале“

Radmila Tasevska

Започнува судењето на Шакира

Radmila Tasevska

🎥Рекламата за пијалок на Блејк Лајвли е хит: „Ние тестираме на мажи, а не на животни“

Urednik