СТАНДАРД life
Шоубиз

„Maestro“ веќе е кандидат за Оскар – доби седумминутни овации во Венеција

„Maestro“, долгоочекуваниот втор филм на Бредли Купер, кој тој го режираше и во кој глуми, беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Венеција. Драмата за животот на легендарниот композитор Леонард Бернштајн доби седумминутни овации на светската премиера во Sala Grande театарот во саботата навечер.

Купер, кој го игра Бернштајн и Кери Малиган, која ја игра неговата сопруга Фелисија, не присуствуваа на настанот поради штрајкот на филмаџиите. Но, се појавија трите деца на Бернштајн – Џејми Бернштајн, Александар Бернштајн и Нина Марија Фелисија Бернштајн. По проекцијата тие со солзи во очите ја поздравија публиката, а потоа танцуваа и глумеа диригенти во чест на нивниот татко.

Филмот доби огромен аплауз и стоечки овации кои траеја цели седум минути.

Веќе е веројатно дека „Maestro“ ќе биде големиот кандидат за Оскар на Netflix оваа година. Според Variety, Купер ќе се натпреварува во четири категории – за најдобар режисер, актер, продуцент и сценарио, додека Малиган се надева дека ќе биде номиниранa за најдобра актерка.

Филмот се фокусира на врската на Бернштајн со неговата сопруга Фелисија (Кери Малиган), од додворување до брак кој, според трејлерот, „болно се наведнува под тежината на неговите хомосексуални афери“. Купер го напиша сценариото со Џош Сингер, а филмот го продуцираа Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг.

Ова е втор филм во режија на Бредли Купер. Првиот беше мега-успешниот „A Star is Born“.

Поврзани вести

Обвинението за сексуален напад против Жерар Депардје застаре

Urednik

Поп пејачка почина по операција за намалување на градите

Radmila Tasevska

Викторија Бекам јаде исто јадење веќе 25 години: Со Дејвид само еднаш делела оброк

Radmila Tasevska