СТАНДАРД life
МК Сцена

📷Ивановска се сретна со Грета Тунберг: „Заедно сме посилни“

Македонската манекенка Катарина Ивановска и Грета Тунберг се сретнаа при посетата на светски познатата еко-активистка на Македонија.

Двете се фотографирани во еден познат ресторан во Гевгелија, а „средбата“ е овековечена на нивниот Инстаграм профил.

Тунберг пристигна во Македонија и го посети Социјално-културниот центар во Тетово, а потоа се приклучи на блокадата против изградбата на мала хидроцентрала на реката Дошница на Кожуф.

Младата Швеѓанка ја повика јавноста на солидарност и истакна дека заштитата на животната средина и човековите права се неразделни цели, повикувајќи ги граѓаните да се приклучат на локалните заложби.

Што се однесува до Ивановска, моментално е на одмор во Лефкада.

Таа се впуштила во едриличарска авантура, во друштво на својот партнер Стефан Ханџиски и блиски пријатели.

„Едрам за првпат“, напиша Ивановска во описот на објавата.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Поврзани вести

Утре комеморација за Драган Б. Костиќ во МКЦ

Urednik

Концерт на легендарниот српски рапер Марчело во МКЦ

Radmila Tasevska

MIYATTA со нов сингл ,,Добра ноќ, Добар ден“ (ВИДЕО)

Radmila Tasevska