СТАНДАРД life
МК Сцена

Echoes in the Wild: Планината станува сцена за млади креативци

На 7 септември (недела) во Ехлоец, село на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи Echoes in the Wild, настан кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено.

Настанот ќе започне од 19 часот со филмска проекција во организација на EcoKult и Nightflix кои го отвораат настанот со идеја за заедничко доживување на интимноста на кино-искуството надвор од градските сали. По проекцијата, вечерта ќе продолжи со диџеј сетови на Ива Арифај (Србија), Aco Sound и Дарко Јованоски (Македонија) кои ќе ја донесат енергијата на младата електронска сцена од регионот во ехлоечкото место познато како „На камен”.

Во разговорот со Дарко, член на Montparnasse и организатор, дознавме дека Echoes in the wild е настан преку кој сакаат да создадат нова навика кај младите, каде што уметноста и културните настани ќе бидат гледани како заеднички искуства што можат да се случат насекаде. Според него: „И малите села, и планините, и историските места, и заборавените предели можат да станат простори каде младите ја обликуваат својата креативна сцена. А младите дефинитивно имаат енергија и идеи за тоа да го остварат”.

Настанот е во организација на Моntparnasse и е дел од проектот на Western Balkans Youth Cultural Fund, што го спроведува Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка на Германското Министерство за надворешни работи.

Организаторите ги покануваат сите да дојдат уште од пладневните часови за подобро да ги доживеат Ехлоец и Стогово во нивната целосна убавина, но и да си понесат топла облека за во вечерните часови. Влезот за настанот е бесплатен.

Поврзани вести

Дарио & Миг 21 во живо пред скопјани !

Urednik

Македонскиот игран филм „17“ на Берлинале

Urednik

Гарванлиев: Најголема желба ми беше да ја почнам турнејата од Македонија

Urednik