Поранешната манекенка Криси Тајген предизвика контроверзии откако јавно проговори за прв пат за Оземпик, популарен лек за слабеење што познатите личности го злоупотребуваат за време на нивното патување за слабеење. Ова не е прв пат Криси да биде цел на критики, бидејќи таа беше критикувана за нејзините козметички процедури.
Таа се појави во поткастот „Self-Conscious“ и откри како го користела лекот откако го изгубила бебето во 20-тата недела од бременоста, кога нејзиното тело многу се променило.
Како и обично, секогаш има такви „за“ и ткви „против“, па и во овој случај. Некои ја поддржаа и ја пофалија за нејзината храброст, додека други ја сметаа за нечувствителна.
„Како да сме пуштиле дух од шише кое им ја исполнува истата желба на сите. Не сум тука да судам, и јас самата сум ја користела. Повеќето мои пријатели исто така се на тој лек“, рече Криси.
Таа рекла дека се чувствувала заробена во тело кое повеќе не било нејзино. За време на таа бременост се здебелила околу 40 килограми и го земала Оземпик околу една година, но дури подоцна почнала да ги забележува ефектите.
„Живеев во тело кое носеше живот 20 недели, а потоа станав тажен потсетник за тоа“, напиша таа претходно на Инстаграм.
„Храната отсекогаш ми била радост, утеха и борба. Разговорот за Оземпик и овие магични апчиња за слабеење беше сосема искрен – за срамот, олеснувањето, чудното чувство кога гладот ќе исчезне. Сè е комплицирано, емотивно и да, малку смешно“, додаде Криси.
Меѓу коментарите имаше и такви кои ја осудија затоа што претходно изјави дека ослабела кога престанала да пие алкохол, а сега е очигледно дека тогаш излажала.
