СТАНДАРД life
МК Сцена

📽️Вечерва премиера на македонската песна за Јуниорскиот Евросонг 2025 – „Miracle“ во изведба на Нела Манческа

Вечерва  во 18:30 часот, на програмата на МТВ1 и на официјалниот YouTube канал на Јуниорскиот Евросонг, ќе биде промовирана песната „Miracle“, со која Нела Манческа ќе ја претставува  Македонија на овогодинешното издание на Јуниорскиот Евросонг 2025.

Создадена од Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст), „Miracle“ не е само песна, тоа е чувство. Таа раскажува приказна за храброст, надеж и верба во себе – за тој момент кога ја пронаоѓаме сопствената светлина дури и во најтемните мигови. Со својот емотивен вокал и искрена интерпретација, младата Нела ја оживува пораката дека секое дете, секој човек, има сила да засвети и да остави свој траг.

Со својот искрен вокал и сценски шарм, младата Нела Манческа го пренесува ова чувство со топлина и сила кои ветуваат настап што ќе ја воодушеви европската публика.

Премиерата на песната и видеото, во режија на Огнен Шапковски, ќе се емитува на МТВ1 и на официјалниот YouTube канал на Јуниорскиот Евросонг, вечерва во 18:30 часот.

Поврзани вести

🎥Yon Idy нѝ го откри својот нов сингл „Blood Red”

Urednik

🎥Битолчанката Санела дебитираше на јубилејното издание на „Макфест“ и направи вистинско „Цунами“

Urednik

„Бизнисот на задоволството“ селектиран на еден од најстарите филмски фестивали во светот

Radmila Tasevska