СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Фејсбук
Стил

(Фото+видео) На 73 години вложила 12.000 евра за да се подмлади: Хирурзите ѝ „избришале“ 20 години од лицето

Фејслифтингот доживеа нов бран популарност, делумно благодарение на јавни личности како Крис Џенер, која неодамна предизвика големо внимание со своите естетски зафати.

Во таквиот тренд особено се издвои приказната за 73-годишната Памела, која по заминувањето во Тајланд стана вирална поради резултатите од операцијата за подмладување.

Фото: Принтскрин / ТикТок

Памела со години размислувала за фејслифтинг, но одлуката постојано ја одложувала уште од 2019 година. Кога конечно одлучила да се подложи на зафатот, избрала клиника во Бангкок, позната по пристапните цени и добрата репутација. Операцијата на подмладување опфатила целосно подигнување на лицето со затегнување на вратот, липосукција на подбрадокот, корекција на горните и долните капаци на очите и трансфер на масното ткиво за пополнување на делови од лицето кои со текот на годините изгубиле волумен.

 

@destinationbeauty.meWait until you see her 1-month post-op transformation! 👀🥰 Pamela had a Full Facelift + Neck Lift, Upper & Lower Eyelid Surgery, Chin Liposuction, and Fat Transfer to the face with Dr. NJ 🌟👨‍⚕️ #facelift #faceliftsurgery #faceliftbeforeandafter #necklift♬ original sound – Destination Beauty

Клиниката на ТикТок објави снимка од нејзиниот изглед пред и по операцијата, што предизвика бројни реакции од корисниците кои истакнуваа дека изгледа значително помладо и изненадувачки природно. Многумина коментираа дека изгледа и до 30 години помлада.

Памела објаснила дека се одлучила за Тајланд по препорака од жена која претходно го направила истиот зафат и била извонредно задоволна од резултатите. Призна дека пред операцијата чувствувала одредена нервоза, но веќе по една недела имала впечаток дека одлуката била исправна. По вадењето на конците на седмиот ден, изјавила дека затегнатоста попуштила и дека првите промени станале јасно видливи. Напоменала и дека првите неколку дена од закрепнувањето биле непријатни, но напредокот бил забележлив од ден во ден.

„Жал ми е што не го направив порано“

Памела по операцијата порачала дека единствено ѝ е жал што не се решила на зафатот многу порано.

Истакнала дека за време на престојот во болницата и периодот на закрепнување во хотел имала одлична нега и дека секој ден забележува нови подобрувања.

Цената на целиот зафат и постоперативната грижа изнесувала околу 21.000 австралиски долари, што е приближно 12.000 евра и што, според неа, е најмалку трипати поевтино од цената што би ја платила во Австралија.

Фото: Принтскрин / ТикТок

Тајланд како центар за фејслифтинг

Тајланд веќе со години важи за една од водечките дестинации за естетски операции и привлекува голем број странски пациенти. Според достапните податоци, во 2024 година во земјата биле изведени околу 9.000 хируршки фејслифтинзи, што е дел од глобалната бројка од повеќе од 700.000 слични зафати изведени ширум светот. Експертите истакнуваат дека пристапните цени не се единствена причина, туку и големиот број специјализирани хирурзи кои работат во оваа област.

Фејслифтингот подразбира подигнување и затегнување на ткивата на лицето, отстранување на вишок кожа и преместување на масното ткиво со цел да се ублажат знаците на стареење. Операцијата најчесто се изведува под општа анестезија, а закрепнувањето е индивидуално, но обично бара неколку недели.

 

Поврзани вести

📸Заносната Софија Вергара направи моден пресврт каков што не очекувавме, а изгледа сензационално

Urednik

Гламурозен стајлинг: Тејлор Свифт воодушеви во фустан од тантела

Urednik

Ревија на Амал Клуни во Венеција: Славната адвокатка го украде центарот на вниманието и со овој фустан

Urednik