СТАНДАРД life
Стил

Хит фустанот на Јелена Ѓоковиќ со детаљ кој никогаш не излегува од мода

Јелена Ѓоковиќ, убавата сопруга на Новак Ѓоковиќ е негова најверна поддржувачка на сите турнири, па срдечно го бодреше и на УС Опен.

Јелена ги привлече погледите со бледо жолт фустан, во кој беше невозможно да не се забележи.

Сопругата на најуспешниот тенисер на денешницата педантно се дотера за неговиот меч на третиот ден од УС Опен во Њујорк против Бернабе Запата Миралес.

Јелена Ѓоковиќ
Јелена Ѓоковиќ

Како и секогаш, убавата белграѓанка, која е во врска со најуспешниот тенисер на денешницата уште од средношколските денови, доби безброј комплименти за ефектниот фустан со голи раменици кој никогаш не излегува од мода.

Голите раменици се добредојден детал кој дава уникатност на секој аутфит, без разлика дали се работи за топ или фустан, за што своевремено свое мислење даде легендарната дизајнерка Дона Каран.

Пристојната шминка, фризурата во реп и очилата за сонце го комплетираа изгледот на Јелена, за кој доби ништо освен пофалби.

Поврзани вести

Изгледа сензационално: Хали Бери доминираше во фустан со заводливи шлицови

Urednik

Во луксузна бунда на ревија: Поранешната прва дама на Франција го прифати новиот тренд

Urednik

📷Пенелопе Круз доминираше на црвениот тепих во прекрасен фустан

Urednik