СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Жељко Бебек наполни 80 години, сопругата објави „Каков крал си, мое сè…“

Легендарниот рок пејач Жељко Бебек го прослави 80-тиот роденден на најубав начин. Бебек прослави во друштво на сопругата Ружица и децата – синот Звонимир и ќерката Катарина.

Не беше само роденден, туку и годишнина од љубовта на Жељко и Ружица.

„80 години живот, музика, љубов и моето срце е полно. Ви благодарам за пораките, честитките и енергијата што постојано ми ја давате! Ваш Бебек“, објави пејачот на својот профил на Инстаграм.

Сепак, пораката на денот ѝ припаѓа на неговата љубов.

„Среќен роденден, љубов! Твоите први 80, а нашите 28. Каков крал си, татко на моите деца, мое сè. Те сакам. Ти знаеш сè, секогаш – засекогаш“, напиша Ружица Бебек.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruzica Bebek (@pahuljicabebek)

Жељко е во брак со Ружица Бебек од 2002 година. Тие имаат две деца, син Звонимир и ќерка Катарина. Покрај нив, Бебек има ќерка Силвија, која ја доби со првата сопруга Споменка и Бјанка од вториот брак со Сандра.

Бебек ја запознал Ружица кога имал 52 години, а таа имала само 18 години.

„Бев многу млада, имав само 18 години кога се запознавме и преку некое заедничко дружење, сфативме дека сме вистинските еден за друг. Тоа беше време кога немаше мобилни телефони, кога сè уште можевме да разговараме по телефон, кога тој ќе ме повикаше дома или ќе ми праќаше разгледница од неговото патување. Тоа беа долги телефонски разговори, а по извесно време сфативме дека е убаво така“, изјавила претходно Ружица за списанието „Ин“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани вести

Расел Бренд се соочува со нови обвиненија за силување

Urednik

Ѕвездата на еден од најдобрите филмови во 2023 година обвинета за силување

Radmila Tasevska

(Фото) Меколи Калкин скршен од тага се прости од својата „мајка“ во „Сам дома“

Urednik