По долго и тешко боледување, во Белград почина Мирослав Мика Алексиќ, српски филмски и телевизиски режисер, сценарист и сопственик на актерското училиште „Работа на срцето“.
Како што дознава српски „Телеграф“, Алексиќ починал од рак на дебелото црево во својот дом.
Против Алексиќ беше спроведена кривична постапка поради сомнение дека силувал и сексуално вознемирувал неколку ученички од актерското училиште што го поседувал.
Месеци наназад, Алексиќ не се појавувал на судењата во случајот со сексуално злоставување за кое го пријави српската актерка Милена Радуловиќ, а набрзо на обвиненијата против него се придружија Ива Илинчиќ, а потоа и други девојки.
Адвокатот на Алексиќ, Зоран Јаковљевиќ, тогаш навел дека Алексиќ бил во полусвесна состојба и дека бил апсолутно неподвижен.
Ова судење беше одложувано неколкупати, а Алексиќ последен пат присуствуваше на судењето кон крајот на декември во 2024 година.
Алексиќ беше обвинет за четири кривични дела силување, од кои две беа во продолжено траење и пет кривични дела сексуално вознемирување, од кои две исто така беа квалификувани во продолжено траење.
