Принцезата Беатрис, ќерката на посрамениот поранешен британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор, во последните години целосно го промени својот начин на живот. Денес, Беатрис е мажена мајка на две деца, но таа порано беше позната по постојаните луксузни патувања, пишува „Дејли мејл“.
Нејзиното минато сега повторно е во центарот на вниманието, а многумина се прашуваат кој ѝ ги плаќал сметките за раскошниот стил на живот што ги обележа нејзините дваесетти години.
Додека денес ги исполнува своите кралски должности, улогата на извршна директорка на компанијата „БиВај-ЕКју“, основана во 2022 година, како и семејниот живот и мајчинството, Беатрис порано го минуваше времето сосема поинаку.
Во младоста принцезата често одеше на патувања вредни стотици илјади фунти. Во 2015 година таа имала доволно слободно време за дури 17 патувања, уживала на скијачките патеки во Вербје, се забавувала во Сен Тропе и на Ибица и одморала на јахти со некои од најбогатите и најпознатите луѓе во светот.
Иако и тогаш привлекувала внимание со своите патувања, прашањата за тоа кој ги финансирал останаа без одговор.
– Нејзината плата во „Сони“ во тоа време изнесуваше 19.500 фунти, што не би било доволно, за нејзиниот стил на живот кој, очигледно, беше претеран. Сега се чини јасно дека сомнителните зделки на нејзиниот татко додека бил специјален трговски претставник, како и наводната финансиска зависност на нивната мајка од Џефри Епстин, можеби биле клучни за нејзиниот луксузен живот. Беатрис успеала да живее раскошно, но сега се прашуваме – на чиј трошок? – вели кралскиот коментатор, Ричард Фицвилијамс.
Во 2015 година принцезата беше фотографирана на јахтата на Роман Абрамович, вредна 1,5 милијарди фунти, поради што се најде на мета на критики. Во тоа време беше во врска со Дејв Кларк.
Фотографиите направени тогаш ги прикажуваат Беатрис и Кларк како се релаксираат на јахтата во јули, помалку од четири месеци пред таа да се пресели во Њујорк и да започне работа во приватна инвестициска компанија.
Подоцна, Беатрис уживала и на луксузната јахта на холивудскиот магнат Дејвид Гефен, каде им се придружила на Опра Винфри, Гејл Кинг и Боб Игер.
По одморите на јахти, следеле раскошни патувања низ светот. Беатрис четири пати одела на скијање, двапати во Сент Бартс, а ги посетила и Њујорк и Италија. Според туристичка агенција, вкупниот трошок на нејзините авантури е околу 300.000 фунти.
Со оглед на тоа што заработувала нешто помалку од 20.000 фунти годишно пред да ја прифати новата работа, се појавиле прашања како ги финансирала своите патувања. Некои извори сугерирале дека едноставно уживала во привилегиите на животот како член на кралското семејство, додека други шпекулирале дека ја користела својата кралска титула за да добива бесплатни погодности.
Луѓето блиски до принцезата инсистирале дека нејзините патувања најмногу ги финансирале нејзините родители. Меѓутоа, по објавувањето на досиејата на Епстин, се појавила загриженост околу нивните финансии.
Епстин им се пожалил на пријатели на наводно срамното однесување на поранешната војвотка Сара Фергусон, што сугерирало дека ја финансирал 15 години.
Фергусон призна дека примила 15.000 фунти од Епстин и тоа го нарече „голема грешка во проценката“, но некои тврдат дека износот бил значително поголем. Дополнително, најновите документи покажале дека Епстин помогнал да се отплатат околу 60.000 долари долг што таа го имала кон поранешна асистентка.
Се појавија прашања и дали патувањата на Беатрис биле финансирани преку „матни зделки“ на нејзиниот татко.
Поранешниот принц повеќепати бил обвинуван дека ги „искористувал“ врските со богати трговски партнери и дека трошел милиони фунти пари на даночните обврзници за приватни авиони и хеликоптери додека бил глобален трговски амбасадор на Обединетото Кралство.
Принцезата, која се најде во вкрстен оган меѓу досиејата на Епстин и поврзаноста на нејзините родители со осудениот сексуален престапник, денес исто така ужива големо богатство, но го троши поинаку.
Беатрис е мажена за милионерот и градежен претприемач Едоардо Мапели Моци, со кого има две ќерки, Сиена и Атина Роуз. Таа е и маќеа на Кристофер Вулф, синот на Едоардо од претходната врска.
Иако нејзините луксузни патувања се дел од минатото, кралски експерт изјавил дека тие повторно станале „дел од сегашноста“ по ја
