СТАНДАРД life
Балкан микс

Анастасија Ражнатовиќ со силна порака по тешкиот период: „Вака се добиваат битки“

Пејачката и ќерка на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ неодамна помина низ многу болен период.

Анастасија го загуби бебето во петтиот месец, го затвори Инстаграм и се повлече од јавноста.

Имено, таа по еден месец ја врати сметката на споменатата мрежа, ги спакува куферите и дотпатува во регионот со нејзиниот вереник Немања Гудељ.

Ражнатовиќ и покрај се се трудеше да остане позитивна и весела, а сега сподели фотографија која веднаш ги привлече сите погледи.

Анастасија објави слика од девојка која се моли, додека таа лее солзи, од другата страна и ги држи рацете Господ, а има и порака.

– Вака се добиваат битки – пишува во нејзината објава, а многумина тоа веднаш го протолкуваа како начинот на кој Анастасија пребродила тежок период.

Да потсетиме, фудбалерот Немања Гудељ пред еден месец ја запроси Анастасија Ражнатовиќ, а видеото од запросувањето беше објавено на социјалните мрежи.

Емотивниот чин се случи на Ибица, а Немања напорно работеше на секој детал.

Прво вечераа, а потоа започна настапот со танчери и музика во живо.

 

Поврзани вести

Шерифовиќ откри што добила од претседателот на Србија за победата на Евровизија

Urednik

Ивана Кнол ги покажа фотографиите со легендарната Шер, а откри и како се запознале: „Какво задоволство!

Radmila Tasevska

Тика Станиќ: Пиев уште од рано детство, дневно и до 2 литри жестоко

Urednik