СТАНДАРД life
Балкан микс

„Моите ќерки криеја кој им е татко“: Жељко Самарџиќ искрено за семејството и популарноста

Еден од најпознатите пејачи на овие простори, Жељко Самарџиќ призна дека ќерките не сакале да се знае дека тој е нивни татко.

Меѓутоа, ситуацијата е поинаква со внуците.

„Внукот Алекса ми побара карти за неговото одделение, јас му објаснив дека не оди тоа така, дека немам карти, можам само да ги купам и да им ги дадам на другарите. Убаво е и секогаш емотивно да се пее на различни генерации. И моите внуци се многу свесни кој им е дедо, за разлика од моите ќерки кои криеја кој е нивниот татко“, откри Самарџиќ, пренесе српски Курир, а потоа раскажа една анегдота:

„Беа деведесетти, тие беа матуранти, а јас бев изненадувачки гостин на нивната матура. Кога излегов на сцената, ги поздравив наставниците и учениците, а потоа им се обратив на ќерките, а нивните другари беа вчудоневидени: „Дали Жељко Самарџиќ ти е татко?“, така им велеа соучениците, навистина беше ноќ за паметење, и за мене и за нив“.

Самарџиќ проговори за болеста на тироидната жлезда

Поврзани вести

Ана Руцнер го промени својот изглед – Таа веќе не е црна, погледнете како изгледа сега

Radmila Tasevska

Колку треба да потрошите ако сакате познати балкански пејачи на вашата свадба? Една ги руши сите рекорди…

Urednik

Хана и Грашо чекаат второ дете?

Urednik