СТАНДАРД life
Храна

Смути од мандарина

Рецепт за смути кое на организмот му обезбедува многу корисни материи кои не штитат од сезонски инфекции.

Состојки:

– 3 мандарини
– 1 зрела банана
– 1 кафена лажичка рендан ѓумбир
– 100 гр спанаќ
– 1 лажица мед
– 1 лажица чиа семе
– 100 мл млеко од кокос или бадем

Подготовка:

Излупете ги мандарините и бананата. Земете ги сите состојки и ставете ги во блендер. Добро измешајте.

Промешајте и послужете во чаши.

Напитокот можете да го изладите и во фрижидер.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт на денот: Посна руска салата

Radmila Tasevska

Лесен летен десерт: Печени круши

Urednik

Совршено крцкави компири: Готвач ја открива тајната на подготовката на овој деликатес

Urednik