СТАНДАРД life
Здравје

🎥 Гастроентеролог го откри појадокот со 4 состојки што го јаде секој ден

Здравиот појадок е идеален за почеток на денот, а доктор Вил Булсиевич откри како го подготвува за себе и за своето семејство.

Овој гастроентеролог сака едноставни и брзи опции бидејќи знае колку бурни и хаотични утрата можат да бидат.

Тој на Инстаграм откри дека станува збор за смути што го подготвува од замрзнати боровинки, банани, млеко од соја и никулци од брокула. Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека смесата не стане мазна.

„Тоа е се што ви треба. Можете исто така да додадете ленено семе или ореви“, рече тој.

Погрижете се состојките што ќе ги изберете за вашето смути да бидат хранливи, така што вашиот појадок ќе ви даде енергија и ќе ве држи сити до ручек.

„Смути е идеален начин да ги натерате децата да јадат повеќе свежо овошје и зеленчук“, заклучи д-р Булсиевич.

Поврзани вести

Невролог тврди дека е мит дека ни требаат осум часа сон: Ова е всушност минимумот

Radmila Tasevska

Овие четири симптоми укажуваат на недостаток на омега-3 масни киселини

Radmila Tasevska

ИМА ПОВЕЌЕ ОД 200 ВИДОВИ ГЛАВОБОЛКИ: Шест сигурни знаци дека страдате од мигрена

Urednik