СТАНДАРД life
Здравје

МОЌЕН АКТИОКСИДАНС: Како црното грозје влијае на некои болести и кој не треба да го јаде?

Грозјето содржи голем број есенцијални витамини и минерали, како и хемиски соединенија кои помагаат да се одржат здрави косата и кожата. Исто така, има позитивен ефект врз здравјето на срцето и ги зајакнува и штити клетките од рак.

Моќниот антиоксиданс кој се наоѓа во црвеното вино, антиоксидансот ресвератрол, му дава својства на црното грозје кои го штитат здравјето на најважните органи.

Антиоксидансите се хемиски соединенија кои помагаат да се заштитат нашите клетки од оштетување. Тие штитат од рак, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, срцеви заболувања и дијабетес. Тие можат да ви помогнат побрзо да се опоравите по некоја болест.

Црното грозје е богато со природни шеќери, но нискокалорично

Црното грозје се состои од 82 отсто вода, па затоа е класифицирано како нискокалорична храна иако има висока содржина на шеќер. Половина чаша грозје има 7 грама шеќер и 8 грама јаглени хидрати. Што се однесува до витамините, црното грозје е богато со витамините Ц и К, а што се однесува до минералите, содржи калиум, бакар и манган.

Ресвератролот и соединението птеростилбен пронајдено во црното грозје покажале позитивни ефекти против дебелината во лабораториските студии. Двете состојки влијаат на подобрување на цревната флора и ја регулираат енергијата, но потребни се дополнителни истражувања на ова поле.

Антиоксидансот ресвератрол има и заштитна функција во борбата против ракот. Истражувањата покажаа дека овој антиоксиданс го забавил растот на ракот во лабораториски тестови и студии на животни, но потребни се дополнителни истражувања за да се утврди како може да им помогне на луѓето во борбата против ракот.

Во присуство на крварење, избегнувајте грозје

Соединенијата присутни во грозјето може да го забават згрутчувањето на крвта. Затоа, луѓето кои имаат било каков тип на крварење или се подготвуваат за операција треба да го ограничат внесот на црно грозје.

Исто така, грозје не треба да се дава на мали деца бидејќи постои опасност од задушување.

Поврзани вести

Навиките кои не сте ги знаеле можат да го спречат стареењето

Radmila Tasevska

Избегнувајте ја оваа храна и намалете го ризикот од рак

Radmila Tasevska

Три симптоми кои се меѓу првите кои укажуваат на рак на тестисите

Urednik