СТАНДАРД life
Здравје

Работи кои најсреќните луѓе на светот, кои живеат најдолго, ги прават секое утро

Луѓето кои живеат во регионите на Јапонија, Костарика, Италија, Грција и Калифорнија се меѓу најдолговечните во светот, но се и меѓу најсреќните. Исто така, оние кои живеат во Окинава, полуостровот Никоја, Сардинија, Икарија и Лома Линда имаат сличен начин на живот што придонесува за нивната долговечност.

Станува збор за таканаречените сини зони, кои се локалитети каде жителите живеат и до 100 години, а важат за најсреќните луѓе на светот.

Тамошните жители биле предмет на безброј студии, а научниците барале насоки за среќен и долг живот во нивниот животен стил, пишува The Sun.

Излегува дека повеќето луѓе во сините зони следат едноставни утрински рутини со кои можете да го започнете денот. Од она што го јадат и пијат, до тоа како му пристапуваат на секое утро од ментална перспектива, тие се водени од одредени навики.

Здрав појадок

Повеќето луѓе кои живеат во сини зони уживаат во богата и разновидна или растителна исхрана. Тие генерално јадат повеќе храна од цели зрна, овошје и зеленчук и помалку црвено или преработено месо, шеќер и скробни јаглехидрати отколку во западната исхрана.

Истражувањата покажаа дека медитеранската исхрана, која се заснова на конзумирање на цели зрна, маслиново масло, грав, јаткасти плодови и риба, може да помогне да се намали ризикот од голем број болести. Тие вклучуваат Алцхајмерова болест, срцеви заболувања, мозочен удар и разни видови на рак.

Шолја кафе

Луѓето кои живеат во овие региони пијат околу две до три шолји кафе дневно. Истражувањата покажаа дека три шолји кафе дневно помагаат да се намали ризикот од дијабетес и дебелина.

„Нашите наоди сугерираат дека кофеинот може барем делумно да ја објасни инверзната поврзаност помеѓу консумирањето кафе и ризикот од дијабетес тип 2. Во меѓувреме, полифенолите – природни антиоксиданси во овој пијалок се исто така поврзани со помал ризик од деменција.

Цел во животот

Сите луѓе во сините зони следат некоја варијација на јапонската техника за среќен живот – Икигаи. Станува збор за откривање на она што му дава цел на вашиот живот – причината што станувате од кревет секое утро.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои чувствуваат дека имаат повисока цел имаат тенденција да живеат подолго.

Убави зборови на првиот човек што ќе го сретнете

Начинот на кој се однесувате со луѓето на почетокот на денот може да ви даде поттик за среќа.

Авторот Ден Баутнер, кој го измислил терминот „сина зона“, вели дека секое утро го започнува со кажување нешто убаво на првиот човек што ќе го сретне.

Диета „Сина зона“: Уште една во низата или спас за контрола на тежината?

Поврзани вести

Пушењето за време на бременоста е многу поштетно за бебето отколку што се мислеше, но што е со кофеинот?

Urednik

Со што да ја замените солта во оброкот?

Urednik

Две шолји чај дневно помагаат во заштита на витален орган

Urednik