Актерката Камерон Дијаз крена бура по изјавата која беше протолкувана вака – „Она што е мое, не е и твое“. Дијаз тврди дека треба да се „нормализира“ брачните парови да имаат не само одвоени спални, туку и посебни куќи.
51-годишната убавица, кој е во брак со гитаристот Бенџи Мејден од 2015 година, го откри ова за време на појавувањето во поткаст.
„За мене тоа буквално би значело – јас ја имам мојата куќа, ти ја имаш твојата. Имаме семејна куќа на средина. Ќе одам да спијам во мојата соба. А ние имаме спална соба на средина, каде што можеме да се собереме и да имаме односи“, изјави актерката.
Дијаз и Мејден ја пречекаа својата ќерка Радикс во јануари 2020 година.
Камерон се повлече од актерството, а претходно во неколку наврати јавно го пофали својот сопруг.
„Прилично е прекрасно да се биде во брак. Не мислев дека ќе го сторам тоа и не знам дали ќе го направев ако не го запознав мојот сопруг. Тоа беше изненадување”, рекла таа во интервју.