СТАНДАРД life
Храна

Тестенини со фил од кељ: Вистинско „удобно“ јадење за овие студени денови

Иако е многу здрав, кељот, се чини, ретко се наоѓа на нашата трпеза. Најчесто се подготвува како чорба, која може да биде здодевна и неинспиративна за готвење, па затоа ви подготвивме возбудлив рецепт кој ќе сакате да го пробате.

Тестенините од кељ ги комбинираат омилените италијански тестенини со сочен сос од кељ, кремаста рикота и пармезан.

Со кора од лимон, лук и малку црвен пипер, ова е вистинско „удобно“ јадење за овие студени денови.

Состојки:

* 350 гр тестенини
* 200 гр сланина за пржење
* 1 лажица маслиново масло
* 2 чешниња лук
* мелен црвен пипер по вкус
* 200 гр кељ
* кора од 1/2 лимон
* 100 гр пармезан
* 1/2 лажичка сол
* бибер по вкус

Подготовка:

Ставете ги тестенините да се варат според упатството на пакувањето.

За тоа време добро измијте го и исцедете го кељот. Исечете го коренскиот дел и оставете ги само листовите кои ќе ги исечете на парчиња со големина на залак.

Во голема тава пропржете ја сланината и извадете ја да се исцеди. Додадете маслиново масло на преостанатата маст, додадете лук и издробен пипер да се динста. Потоа додадете го кељот и сè динстајте околу пет минути.

Намалете ја топлината, а потоа додадете една шолја вода за варење тестенини, рикота, пармезан, сол, бибер и кора од лимон. Мешајте додека сосот не стане кремаст. Додадете ја пржената сланина.

Исцедете ги и истурете ги тестенините во сосот, мешајте додека сè добро не се соедини, повремено додавајќи ја водата од тестенините, доколку е потребно.

Послужете веднаш.

На здравје!

Рецепт за чорба од зеленчук во која нема ни да забележите дека нема месо

Поврзани вести

Домашен пудинг од мандарина! Кремасто задоволство во секој залак

Radmila Tasevska

Желбата за одредена храна има значење

Radmila Tasevska

РЕЦЕПТ: Алмондини – колачиња кои имаат незаборавен вкус!

Urednik