Сè попопуларната инфлуенсерка Уна Чолиќ, постарата ќерка на Здравко Чолиќ, го прослави својот 24-ти роденден.
Таа организираше голема прослава во ресторан каде што уживаше во добро друштво и специјалитети со семејството и пријателите, а сè објави на Инстастори.
Меѓу ретките фотографии беше и онаа на која таа позираше со својот татко, музичката легенда Здравко, кој на својата сакана ѝ подари огромен букет црвени рози. Тоа не беше единствениот вреден подарок за Уна, која доби и чанта од Луј Витон во вредност од 2.800 евра како подарок за роденден.
Чолиќ, кој зад себе има бројни хитови, не штеди пари кога станува збор за неговите ќерки Уна и Лара, кои ги има со сопругата Александра.
Минатото лето, тој плати мало богатство за семеен пат на Бриони, а бидејќи патуваше и момчето на Уна, кое е 10 години постаро, тој избра хотел со пет ѕвездички каде што ноќевањето чини речиси 400 евра.