СТАНДАРД life
Балкан микс

Девито се ожени, направи гала забава, а за гостите имаше посебно барање

Раперот Давид Љубеновиќ, попознат како Девито, се верил со својата девојка пред неколку месеци, како што тогаш пишуваа медиумите, а како што ексклузивно дознава Курир, вчера двајцата се заколнале на вечна љубов.

Младиот изведувач организирал се во апсолутна тајност, па од своите 70-тина гости барал да потпишат договор за доверливост, а на секој од нив им било забрането да користи мобилен телефон, за да не се појавуваат снимки и фотографии во јавноста, наведува „Курир“.

Венчавката беше организирана во познат ресторан во главниот град, а на нашата екипа која излегла на самото место, вработените ѝ кажале дека не смеат ништо да коментираат бидејќи потпишале договор за доверливост.

Да потсетиме, Девито своевремено се сврши со девојка, на многу необичен начин. Имено, тој истакна дека наместо веренички прстен купил два часовници.

„Наместо веренички прстен, две исти во различно злато. Едно е женско, едно е машко. Свршеницата ја свршив со часовник, а не со прстен“, откри претходно за медиумите.

Поврзани вести

📷 Сите очекуваа да дојде со вереницата, но згрешија: Милош Биковиќ на премиерата на филмот со СПЕЦИЈАЛНА ДАМА

Radmila Tasevska

„Бајага и инструктори“ завршија во учебниците за четврта година гимназија: Еве на која нивна песна учениците ќе учат да свират (ФОТО)

Radmila Tasevska

Ема Радујко: Моето поранешно момче е најдобриот фраер на естрадата

Radmila Tasevska