СТАНДАРД life
Балкан микс

Веганството започна од мака, открива Јелена Ѓоковиќ за својата исхрана

Јелена Ѓоковиќ со години е веган, но на општо изненадување откри дека се согласила на ваков начин на исхрана бидејќи немала доволно пари за квалитетно месо.

Сопругата на Новак објасни дека станала веган во студентските денови: – Почнав да размислувам како да преживеам три години, бидејќи немав пари да јадам во не знам какви ресторани, а не живеев во дом со кујна. Така да, веганството започна од мака – рече Јелена.

Таа тогаш изјави дека прашање е дали ќе остане веган до крајот на животот, но дека засега најважно и е да се чувствува добро.

– Бев голем јадач на месо, и сè уште го сакам многу, но не го јадам. Се чувствувам добро и тоа ми беше целта, да најдам начин да го живеам овој живот будна, со енергија, здрава – рече таа и додаде дека важен е и начинот на подготовка на храната.

– Мојата исхрана е 70 отсто сирова храна, а 30 отсто варена. Најчесто јадам супа, тестенини без глутен, киноа, ориз… Деновиве тешко е да се најде вистинска храна подготвена на здрав начин. Затоа ми е важно добро да ги организирам оброците и имам среќа што имам партнер кој, како мене, е посветен да остане здрав и силен. Нашите режими на исхрана се само малку поинакви – заклучи Јелена Ѓоковиќ во таа прилика во емисијата „Šta sam tebi i ko sam sebi“.

Денеска е во среќен брак со Јелена, но дали знаете која била првата љубов на Новак Ѓоковиќ?

Поврзани вести

Некогаш најпопуларната поп пејачка во регионот, по 10 години блесна на фестивалската сцена „Бисер на Јадранот“

Urednik

„И генетиката има малку врска со изгледот“: Која е ТАЈНАТА НА ВИТКАТА ЛИНИЈА на Александра Радовиќ?

Urednik

Шербеџија за Лаушевиќ: „Беше југословенскиот Џејмс Дин“

Urednik