СТАНДАРД life
Балкан микс

Денеска е во среќен брак со Јелена, но дали знаете која била првата љубов на Новак Ѓоковиќ?

Јелена и познатиот тенисер, освојувач на 23 Гренд слем титули, живеат во хармоничен брачен живот нешто повеќе од 8 години. Пред Јелена, Србинот беше во врска со атрактивна црнка.

Сега Новак Ѓоковиќ е семеен човек, живее брачна идила со сопругата Јелена која ги роди синот Стефан и ќерката Тара, а во помладите денови го поврзуваа со многу убавици.

Српските медиуми пишуваат дека една од оние кои успеале да му го освојат срцето е Лидија Поповиќ. Познатиот спортист бил со неа пред да стане светски популарен, а за нивната врска наводно одлучувала кариерата на Новак и неговите многубројни спортски обврски, а Лидија во меѓувреме се нашла и во музиката. Таа настапува под уметничкото име Лејди Ли и е многу успешен диџеј.

Таа не кажа премногу за романсата со Ѓоковиќ. Тогаш таа рече дека „не е папучар“ и дека е „вистински џентлмен“.

„За време на нашата врска, Ноле беше секогаш внимателен и насмеан, но тоа беше во моменти кога немаше обврски како денес. Сега носи тежок товар на грбот како познат човек во светот на спортот. Ноле секако не е папучар. Новак е друштвено и џентлменско момче, барем јас така го паметам“, изјави Поповиќ.

Поврзани вести

Српскиот пејач, кој го обожаваат Македонките, откри дека планира свадба

Urednik

Петиција за забрана на Дино Мерлин да одржува концерти во Србија

Urednik

📷Празничен дух во куќата на Северина: Покажа како го украсила својот дом

Urednik