СТАНДАРД life
Шоубиз

Селма Хајек гради куќа на хрватски остров: Откриени сите детали, а еве кој и помага во тоа

Извесен А.Т., човек кој живеел и работел во Њујорк 17 години и на крајот се вратил во Мостар, бил гостин во подкаст.

Имено, тој во таа прилика зборувал за својот приватен живот, но открил и ексклузивен детал за холивудската актерка Селма Хајек.

Тој открил дека и гради куќа на Селма, а проектот го прифатил без воопшто да се посомнева дека се работи за неа.

– Не гледам телевизија, не гледам филмови. Последниот филм што го гледав беше „Полициска академија 7“, од тогаш помина многу време. Значи, не ги познавам актерите. Овие луѓе не сакаат да се експонираат во јавноста. Тоа е мал остров во Хрватска, не можам да ви кажам детали. Не ја препознав. Не ги знам тие актери, ниту како изгледаат, ниту кои се. Работата ја добив преку матичната компанија од Њујорк, која знае дека сум тука на овие простори и ме замолија да го преземам проектот доколку, се разбира, им се допаѓа – рече тој.

Тој исто така истакна дека Селма е многу пријатна и љубезна, како и дека соработката со неа е прекрасна.

– Гради куќа од околу 200 метри квадратни. Таму на островот седнуваме да ручаме и никој жив не не познава. Луѓето на островот се исто како мене, никој не знае, и никој не се грижи. И тоа е одлично за неа. Таа може да оди со семејството да се одмори за да не мора да биде придружувана од телохранители. Таа е неоптоварена жена, многу скромна личност – рече тој и се осврна на Мадона, со која исто така работел.

– Таа е прекрасна личност. Немојте да мислите дека таа е чудна личност. Секој ден на тој проект работеле меѓу 50-70 работници, а таа секој ден праќала ручек од својот ВИП ресторан. Ќе ги испрати келнерите. Таа жена тргна од улица. И секогаш се навраќа на таа приказна, како почнала. Така ме погледна и таа. И јас почнав од истите улици, само од друго место – додаде тој.

Поврзани вести

Вил Смит не живее со сопругата седум години – Ова е причината!

Radmila Tasevska

📸 Погледнете како изгледала оваа девојка пред да се омажи за Канје Вест

Radmila Tasevska

📽Мајкл Џеј Фокс во документарец открива детали за борбата со Паркинсон

Urednik