СТАНДАРД life
Шоубиз

„Барби“ постави рекорд, „Опенхајмер“ добро заработи

Новиот филм „Барби“ со Маргот Роби во улогата на легендарната кукла викендов доминираше во кината со заработка од 155 милиони долари, со што стана филм со најголема заработка во 2023 година, објави во неделата дистрибутерот Warner Bros.

Филмот „Опенхајмер“ за создавањето на атомската бомба на режисерот Кристофер Нолан ги надмина очекувањата и во американските кина заработи 80,5 милиони долари. Битката за првото место на шега беше наречена „Барбенхајмер“.

Податоците за заработката се значаен поттик за студијата и театрите кои досега имаа разочарувачко лето. Продажбата на билети падна под нивото од минатата година и покрај повеќе филмови во кината.

„Барбенхајмер“ треската со два силно очекувани, но сосема различни филма кои истовремено се појавија во кината, предизвика огромни гужви во кината.

„Барби“ е филм за кукла која дебитираше пред шеесет години, од перспектива на режисерката на „Малите жени“ Грета Гервиг. Заработката од 155 милиони во првата недела од прикажувањето ја надмина заработката на филмот „Супер Марио Брос“ во април.

Во драмата „Опенхајмер“, Килијан Марфи го игра американскиот научник Џ. Роберт Опенхајмер кој ја создал атомската бомба. Филмот доби одлични критики и се очекува да биде номиниран за многу Оскари.

Филмот заработи дополнителни 93,7 милиони долари на меѓународните пазари, со што вкупната заработка достигна 172,2 милиони долари, објави дистрибутерот „Universal Pictures“.

Поврзани вести

Дуа Липа раскина со 14 години постариот дечко

Urednik

📽 Дечкото на Тејлор Свифт наљути многумина со однесувањето: Пијан се обидел да пее додека го држеле

Radmila Tasevska

📸 Том Круз се дружеше со принцот Вилијам, изгледот на актерот привлече внимание

Radmila Tasevska