СТАНДАРД life
Britain's King Charles III (L) waves as he leaves, with Britain's Queen Camilla, the London Clinic, in London, on January 29, 2024. Britain's King Charles III, 75, stayed the London Clinic following prostate surgery on January 26, 2024. (Photo by Daniel LEAL / AFP)
Шоубиз

Кралот Чарлс ја напушти болницата

Британскиот крал Чарлс во понеделникот ја напушти приватната болница во Лондон, откако таму помина три ноќи по операција на простата.

Во понеделникот наутро, Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, исто така ја напушти истата болница во центарот на Лондон, речиси две недели откако беше подложена на „абдоминална операција“.

Принцезата беше однесена дома во Виндзор, без никакво појавување во јавноста. Тој ќе го продолжи закрепнувањето дома со семејството.

Имено, кралот ја напуштил болницата со сопругата, кралицата Камила, мавтајќи им на граѓаните пред да влезе во својот автомобил, пишува Би-Би-Си.

Во соопштението од Бакингемската палата се наведува дека кралот сега ќе ги промени јавните ангажмани за да може целосно да закрепне во мир.

Понатаму, планот 75-годишниот крал Чарлс да биде подложен на „корективна процедура“ на неговата простата е објавен во јавноста како начин да се охрабрат другите мажи да направат прегледи на простата.

Веб-страницата на NHS забележа зголемен број на пребарувања за зголемена простата и кралот беше воодушевен кога дозна дека неговата дијагноза има позитивно влијание врз свеста за јавното здравје.

Поврзани вести

📽 Дејвид Бекам вечераше морска храна во скап ресторан: „Менаџерот го ранеше“

Radmila Tasevska

📽📷Жизел Бундхен се почесто во друштво на атрактивен тренер за боречки вештини

Urednik

(Видео) Бруталниот убиец „Дедпул“ ги залуде жените, бараат дури и да им направи дете

Urednik