СТАНДАРД life
Балкан микс

Ивана Кнол ги покажа фотографиите со легендарната Шер, а откри и како се запознале: „Какво задоволство!

Ивана Кнол на своите приказни на Инстаграм откри дека отишла на концертот на Џастин Тимберлејк, а пред концертот ја запознала Шер во хотелот.

Инфлуенсерката Ивана Кнол веќе некое време престојува во Лас Вегас, каде ги запознава најголемите светски ѕвезди и се фотографира со нив.

Сега во приказните на својот Инстаграм профил таа се пофали со серија фотографии на кои позира во прегратка и весело со легендарната пејачка Шер.

„Какво задоволство е да запознаам ваква икона“, напиша Кнол и откри дека се запознале во хотелот.

Ивана носеше долг проѕирен фустан со длабоко деколте, а Шер црни панталони, сребрен горен дел и јакна.

После тоа, Кнол отишла на концертот на познатиот пејач Џастин Тимберлејк, каде што, судејќи по снимките што ги објавила, навистина уживала.

Неодамна Кнол се фотографираше со пензионираниот кошаркар Двејн Вејд, а уште тогаш се пофали со фотографијата на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Knöll (@knolldoll)

Инаку, Кнол ја доби меѓународната награда Influencer Insider за „најдобар диџеј инфлуенсер“ во Мајами. Таа на социјалните мрежи се пофали со својот успех држејќи го стаклениот трофеј во раце.

Поврзани вести

📸 Марија Шерифовиќ доби бебе: Пејачката ги објави првите слики со детето, па ги откри полот и името

Radmila Tasevska

Ивана Кнол повторно ризикува предупредувања на Инстаграм, сега позираше во црна долна облека: „ОМГ…“

Radmila Tasevska

Здравко Чолиќ гостуваше на концертот на Дино Мерлин: Публиката воодушевено пееше заедно со музичките ѕвезди

Radmila Tasevska