Пејачката Ана Николиќ неодамна ја загрижи јавноста, кога се појави снимка од неа со страшни лузни на лицето, поради што стана главна тема на медиумите, а сега поради новите слики на кои може да се види целосно модра, таа е повторно на мета.
Во бутикот Ана позираше во зелен фустан кој очигледно го пробува, а на фотографијата која ја објави на Инстаграм многумина забележаа модринки и рани на нозете.
Како што шпекулираат некои медиуми, модринките и раните на нозете и биле предизвикани од пад по скали, а несреќата се случила на роденденот на нејзината ќерка Тара на почетокот на август.
„Што е со нејзините нозе“, „Какви модринки се овие, ме загрижува“, „Повторно има некои проблеми“, „Ова изгледа навистина лошо“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, таа наводно доживеала незгода на пат кон роденденот со тоа што паднала по скали и се извалкала.
Со оглед на тоа дека и самата била свесна дека доцни, немала време да се врати во станот и да се пресоблече, па и покрај болката отишла на забавата на својата ќерка, напиша Курир.