СТАНДАРД life
Балкан микс

Раста за прв пат јавно проговори за проблемите со кои се соочува Ана Николиќ

Популарниот рапер ја чува својата приватност подалеку од очите на јавноста.

Стефан Ѓуриќ, попознат како Раста, не коментира често во медиумите настани од приватниот живот.

Неодамна сними филм за себе наречен „3211“, каде покажа бројни детали од неговиот живот кои досега не и беа познати на јавноста.

Сега за прв пат јавно проговори за проблемите што ги има неговата поранешна сопруга Ана Николиќ, а како и досега зборуваше со претпазливост и со почит кон мајката на поранешната сопруга.

„Мислам дека промоцијата на помошта што доаѓа од медиумите не е добронамерна. Ана е доволно возрасна за да знае што е паметно и добро за неа, па затоа и да одлучи како ќе живее“, изјави Раста за „Ало“, додавајќи:

„Семејството е тука да помогне во секоја смисла. Јас сум хуманист, помагам и на познатото и на непознатото, па како да не помогнам на мајката на детето кое безусловно го сакам. Во моментот кога таа самата сака да промени нешто, промената ќе се случи“.

Да потсетиме, во последните неколку месеци во медиумите се појавија фотографии и видеа од популарната пејачка Ана Николиќ, поради што таа беше мета на бројни критики, а потоа и шпекулации дека минува низ тешка фаза во животот.

Поврзани вести

Семејството Капичиќ збогатено за уште еден член

Urednik

Милица Павловиќ потрошила 5.000 евра за стајлинг (ФОТО)

Radmila Tasevska

Лукас: Големо извинување до сите што дојдоа на концертот, но јас не се појавив

Radmila Tasevska